Доларот слабее за прв пат по шест недели

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна минатата недела, првпат по шестнеделен раст, бидејќи ублажувањето на инфлацијата во САД ги обнови шпекулациите за намалување на стапката од страна на американската централна банка.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, падна за 0,2 отсто минатата недела, на 109,41 поени.

Курсот на еврото во однос на доларот се зголеми за 0,25 отсто, на 1,0270 долари. Американската валута ослабе и во однос на јапонската, за 0,9 отсто, па нејзиниот курс се лизна на 156,30 јени. По шест недели континуиран раст, доларот благо ослабна минатата недела.