Доларот стабилен, цената на нафтата стагнира

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи стабилно, недалеку од највисокото ниво во последните две години.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 108,11 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна за 0,16 отсто, на 157,75 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна за 0,12 отсто, на 1,0410 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,03 отсто, на 73,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,02 отсто, на 69,60 долари.