Доларот стагнира, цената на нафтата благо паѓа

Hа девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнира. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 104,32 поени, исто како и вчера во овој момент.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 150,15 на 150,85 јени. Сепак, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0790 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0775 долари.

Цените на нафтата сепак благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,24 отсто, на 73,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,27 отсто, на 69,75 долари.