Доларот зајакна, цената на нафтата благо порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 99,70 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,16 поени.

Истовремено, курсот на американската валута во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 142,80 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1335 долари, додека вчера во ова време беше 1,1390 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,14 отсто, на 66,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,13 отсто, на 62,35 долари.