Доларот зајакна, цената на нафтата благо расте

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна втор ден по ред, со што повторно се приближи до највисокото ниво во последните две години. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 109,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,55 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,20 на 158,30 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0310 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0350 долари.

Цените на нафтата сепак благо пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,05 отсто, на 76,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,06 отсто, на 73,35 долари.