Доларот зајакна во однос на кошничката валути втора недела по ред

29

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми и минатата недела, вторпат по ред, што меѓу другото е последица и на неизвесноста на финансиските пазари, па инвеститорите го префрлаат својот капитал на побезбедни инвестиции. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,4 отсто, на 103,08 поени.

Истовремено, доларот зајакна за 0,8 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0805 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 1,7 отсто на 137,95 јени.

Доларот зајакна втора недела по ред благодарение, меѓу другото, и на статусот на сигурна валута во неизвесни времиња.

Волстрит и другите главни светски берзи се опоравуваат од неизвесност околу преговорите меѓу демократите и републиканците во САД за зголемување на плафонот за долгот на владата.

Доколку до 1 јуни не се постигне договор во Конгресот, федералните власти нема да можат да ја финансираат работата на некои државни институции.