Доми комплет – продукт од Еуролинк Осигурување

95

Доми Комплет е продукт за осигурување на домот од Еуролинк осигурување што овозможува целосна заштита на градбата, покуќнината и опремата во домот. Создаден да обезбеди функционалности комфор на домот наспрема непредвидливите  ризиците како што се пожар, кражба, поплава по кои може да дојде до голема или целосна загуба, Доми Комплет го заштитува животното вложување во домот и обезбедува безгрижност секој ден. Покрај обезбедувањето од ризици, Доми Комплет обезбедува заштита од одговорност кон трети лица, на пример при штети во домот што се пренесуваат кај соседите, стои во соопштението.

“Во случаите кога има штета во домот, особено кога се тоа целосно оштетени домови, сведоци сме дека семејствата доаѓаат во положба да бараат помош од соседи, пријатели, од институциите, затоа што се наоѓаат во безизлезна ситуација. Со ДОМИ Комплет ние им овозможуваме на граѓаните да не се најдат никогаш во ваква ситуација. Со полисата за станбено осигурување, компанијата е таа што презема одговорност и обезбедува конкретна финансиска помош за санирање на последиците“, велат од Еуролинк осигурување.

Токму од овие причини, осигурувањето на домот е практика во развиените земји, каде што и до 95% од сопствениците на домови се осигурени, а во просек еден од 20 осигурени домови има некакво побарување поради штета во текот на годината. Најчести причини за оштетно побарување се пожар или оштетување на имотот поради кражба. Кај нас, иако од година во година свеста за неопходноста од осигурување на домот расте, сè уште само околу 10% од сите станбени објекти се осигурени.

Новина кај полисите Доми Комплет е можноста за склучување тригодишен договор за лојалност. Со ова со една полиса, граѓаните си обезбедуваат осигурување за своите домови без да се грижат за роковите и истекување на осигурителното покритие. Полисата за Доми Комплет е достапна со бенефицирана цена од 1200 денари за првата година доколку се осигури и автомобил од задолжителна автоодговорност. Цената од 1200 денари за првата година е достапна за сите три пакети Стандард, Комфор и Мега и за сите квадратури, со што се овозможува значителна заштеда за граѓаните што ќе се одлучат да склучат ваков вид пакет за лојалност.

Еуролинк осигурување ги повикуваат сите граѓани да се информираат за придобивките од осигурување на домот, да ја заштитат својата најголема инвестиција навреме и да си обезбедат безгрижност. Повеќе информации се достапни на: http://eurol.ink/DOMI.