Доминација: Дачија продаде еден милион автомобили на гас

164

Dacia е една од ретките брендови што нуди автомобили напојувани со течен нафтен гас (LPG). Сега таа го достигна својот јубилеј.

Автомобилите на ТНГ се нудат од романската марка од 2010 година, а сега е продаден милионитиот модел кој го користи овој погон.

Ако се вратиме малку наназад во времето, ќе видиме дека пред десет години многу марки нуделе автомобили со ТНГ. Сепак, сега се само Рено и Дачија.

Во случајот со францускиот бренд, моделите Captur и Clio пристигнуваат со инсталации за LPG, но Dacia го користи ECO-G погонот во сите свои модели.

Од Dacia велат дека во првите седум месеци од оваа година имала 67% пазарен удел на европскиот пазар на автомобили со ТНГ, иако тоа не е премногу изненадувачки со оглед на тоа што нема голема конкуренција, пренесува Б92.