Доминик Строс – Кан бесплатно ќе ја советува српската влада првите три месеци

53

stros kanСрпската економија има сериозни проблеми, но со вложување напор можно е проблемите да се решат и да се оствари успех, изјави поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминк Строс – Кан, по денешната средба во српската влада со првиот потпретседател Александар Вучиќ и министрите за економија Саша Радуловиќ и финансии Лазар Крстиќ.

“Секако, тоа нема да биде лесно, глобалната економија не е добра”, изјави Строс – Кан, јавува Танјуг.

Поранешниот прв човек на ММФ ги најави првите конкретни совети за српската влада за неколку месеци, истакнувајќи дека нема волшебно стапче и дека резултатите не можат да се очекуваат брзо.

По состанокот Строс – Кан изјавил дека првите три месеци ќе работи про боно (бесплатно).

Вицепремиерот Вучиќ изјавил дека е презадоволен што Строс – Кан ја прифатил соработката со владата, дека дел од тимот ќе работи во Белград, дел во Париз, постојано ќе се консултираат, но одлуките ќе бидат донесувани во најдобар интерес на Србија.