Domino`s Pizza не успеа да ги освои срцата на Италијанците

119

Последниот ресторан, франшиза на американскиот бренд Domino’s Pizza во Италија, ги затвори вратите. Компанијата не успеа да ги освои срцата на луѓето во земјата наречена родно место на пицата, пишува The Wall Street Journal.

ePizza со седиште во Милано имаше целосни права да работи под брендот Domino`s во Италија, отворајќи го првиот ресторан во 2015 година. Во 2020 година, компанијата планираше да отвори 880 локации до 2030 година. Во тоа време, имаше 29 ресторани во земјата и нудеше традиционални aмерикански додатоци, вклучително и ананас, истакнува Блумберг. Поранешните менаџери коментираат дека воопшто не очекувале ваков успех во Италија.

Но, излезе дека победи традиционалната „маргарита“, коментира Блумберг. Поради големата конкуренција, само една година подоцна, ePizza беше принудена да го затвори својот последен ресторан. Тоа е затоа што локалните ресторани и пицерии, исто така, почнаа да нудат достава до дома, јадејќи го профитот на американскиот бренд, пишува компанијата во барањето за стечај, видено од WSJ.

Истакна и дека пандемијата на коронавирус, која силно ја погоди Италија, и ограничувањата околу неа, исто така го намалуваат работењето на ePizza.

Domino’s Pizza и ePizza одбиваат да ги коментираат информациите. Италија никогаш не била во плановите за голема експанзија, но во САД компанијата исто така е веќе изложена на растечка конкуренција, забележува публикацијата.

Најголемиот пазар на Domino`s во Европа е Велика Британија со вкупно 1.169 ресторани. На глобално ниво, присуството на компанијата е најголемо во Индија – вкупно 1.495 локации.