Domino the Effect – од семинарска задача до бизнис

135
maja prva
Маја Илиевска, извршен директор и сопственик на Domino the Effect

Domino the Effect нуди промоција на вашиот бренд преку кутиите за пица на најдобрите пицерии во градот. Имате можност да го пласирате вашето лого за зголемување на свеста за вашиот бренд или пак во форма на промоционален купон да ја испратите вашата порака дирекно во домовите на вашата целна група. Маја Илиевска, сопственик на Domino the Effect вели дека македонскиот пазар до сега немал можност да види ваков концепт на маркетинг, кој им овозможува на претпријатијата нов и ефективен начин на испраќање на пораките до домовите на своите таргет групи.

БИ: Од каде се роди идејата и концептот за Domino the Effect?

Идејата за Domino the Effect се роди кога станав член на академијата Summer Work and Travel Alumni. Задачата на Академијата беше да се оформи бизнис идеја и да се обработува низ текот на семинарите. За таа цел се консултирав со својот ментор во кариерниот процес – Илија Каров, без чија помош идејата немаше да излезе на површина. Дадените совети ме насочија да размислувам кон тоа мојот стартап да биде поврзан со тоа што учам, поради тоа што маркетингот ми претставува појака страна со која можам да доминирам за иновативност на пазарот. Идејата се роди така што почнав да размислувам дека луѓето се помалку имаат време за гледање телевизија или пак читање весници, но она што секогаш мора да го практикуваме со цел да опстанеме е да се исхрануваме. Зошто тогаш да не ги користиме материјалите за достава на храна како промотивни материјали преку кои клиенти ќе можат ефективно да се рекламираат?

domino the effect bizz card front

БИ: Дали има заинтересираност на пазарот за ваков концепт на маркетинг?

Пред да започнеме со првите брендирани кутии, заинтересираноста не беше на високо ниво поради тоа што луѓето едноставно не беа запознаени за што се работи. Откако луѓето имаа можност да видат дека новиот промотивен концепт понуден на пазарот функционира, заинтересираноста постојано се зголемуваше. Македонскиот пазар до сега немал можност да види ваков концепт на маркетинг, кој им овозможува на претпријатијата нов и ефективен начин на испраќање на пораките до домовите на своите таргет групи. Кај луѓето побуди интерес тоа што на кутиите за пица има комбинација од логоа на компании кои за цел имаат да ја зголемат свеста за својот бренд, но исто така поставени се и купони преку кои клиентите имаат можност за директна продажба, а пак таргетот со порачување на една пица може да добие попусти низ разни места во градот.

БИ: Како се промовирате Вие?

Јас се промовирам преку најиновативниот начин на рекламирање во Македонија, а името за тоа е Domino the Effect. Мојата реклама стои на кутиите на пица на Red Caffe, кои се првата пицерија што ја избрав за да направам договор, поради тоа што дневно имаат голем број на достава на пица. Покрај користење на директен маркетинг и социјални медиуми, снимив видео за својата идеа и го пуштив на првата македонска crowdfunding платформа Let’s Fund It и гордост ми е да кажам дека мојот проект е прв успешен проект на платформата. Видеото имаше многу голема ефективност поради тоа што беше видено од многу луѓе и поради тоа што добив многу позитивни коментари од луѓе што не ги познавам, а секако, добив и нови клиенти.

БИ: Планирате ли проширување на бизниот?

majaДа, планирам проширување на бизнисот, но се во свое време. Првичен план е градот Скопје, следна цел се неколку други градови во Македонија и потоа ќе се стремиме за надвор од границите на РМ. Идејата не ми е само да го проширам бизнисот, туку и да внесам нови иновативности преку кои поефективно ќе ги задоволам потребите на своите клиенти.

БИ: Дали очекувате конкуренција на пазарот, како планирате да се справувате со неа?

Конкуренцијата секогаш постоела и ќе постои, затоа не гледам ништо страшно во тоа. Ние сме прва компанија со ваков начин на рекламирање во Македонија, но секако дека постои индиректна конкуренција. Јас ја гледам како еден мотиватор за да бидам подобра, поради тоа што ако конкуренцијата не постои, мислам дека нема да бидеме толку иновативни и мотивирани за да преминеме на едно следно ниво каде ќе се понуди нешто ново и каде поефективно ќе ги задоволиме клиентите.