Владата по два бојкоти на маркетите донесе одлука за ограничување на маржите на 10 проценти во трговијата на големо и мало…
Преку ограничување на маржите за 10% во трговијата на мало и големо Владата планира да стави крај на високите цени на основните прехрамбени производи. По ваквата владина одлука, која беше донесена на денешната седница на која се разгледуваше извештајот на државниот пазарен инспекторат спроведен кај ланците на маркети и дистрибутерите, до крајот на април годинава 100 тина производи се очекува да имаат пониски цени. Дополнително на маркетите им се препорачува и јавно да ги објавуваат цените на сите производи. Од владата велат во периодот кој следи ќе се разгледува и опцијата дали ќе биде потребно да се носат и дополнителни кошнички, кои претходно беа најавени како што се рамазанската и велигденската кошничка.
„Одлука за ограничување на маржата за 10 % во трговија на мало и големо на истите 73 групи на производи кои беа дел од претходните кошници, но и да се дополни со средства за хигиена, и бебешка храна и други непрехрамбени производи каде е забележана висока маржа. Очекуваме да има над 100 групи на производи.“
Претходно од пазарниот инспектoрат рекоа дека била направена сеопфатна анализа кај маркетите и дистрибутерите, а во периодот кој следи ќе се прават конторли и кај производителите на млеко и мелчните, месните и кондиторските производи. Од досегашните анализи кај трговците утврдено било дека маржите на основните прехрмабени производи се движеле од 5 до 25 %, додека кај останатите производи како што се бебешката и детската прехрана, хемиските прозиводи маржите доситгнувале и над 30 %. Кај дел од дистрибутерите и увозниците биле утврдени маржи и над 35%.
Поради високите цени на храната граѓаните по примерот на земјите од регионот, во два наврати го бојкотираа пазарењето, на сметка на што прометот на маркетите првиот пат беше намален за речиси 50, додека вториот за 22 %.
Дополнително се донела и програмата за ранливи потрошувачи на енергија со која се предвидува лицата кои ги исполнуваат условите да се стекнат со финасиска помош односно во следните 12 месеци да имаат намалување на сметките за струја за 1000 денари месечно….