Донирана 13-тата по ред Coca-Cola Активна зона

37

Жителите на Општина Сарај вчера ја добија својата Coca-Cola Активна зона. Оваа зона е 13-та по ред и е дел од големиот проект на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola.

Зоната во Сарај всушност е трета од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку општини во Македонија и е поставена во рамките на спортско-рекреативниот центар Сарај, локација што е достапна и што е посетена од голем број жители на општината, а како и другите, и оваа Активна зона е опремена со најсовремени фитнес-справи, кои се достапни за слободна и бесплатна употреба на сите граѓани 24 часа.

Како и во сите други општини, Coca-Cola Активната зона во Сарај се реализираше во соработка со локалната самоуправа и претставува доказ дека градењето и одржувањето блиски партнерства секогаш резултира со многубројни придобивки што ги ползуваат граѓаните.

Оваа Активна зона е всушност четврта донација во Скопје, по зоните во Општина Гази Баба, Општина Чаир и на Кејот на реката Вардар. Од другите општини, своја Coca-Cola Активна зона добија Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а до крајот на годината во проектот ќе бидат вклучени уште два други градови.

Проектот Coca-Cola Активни зони е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, а која се однесува на чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за рекреација и за дружење. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализираа низа успешни проекти, меѓу кои Coca-Cola фудбалскиот куп, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и Coca-Cola Активните зони ширум Македонија.