Донирање школски прибор, храна и облека

22

Во пресрет на новата учебна година, неколку здруженија организираат хуманитарна акција за собирање училишен прибор, храна и облека.

Хуманитарната акцијата ќе се спроведе во сабота, 24 август, од 10 до 13 часот, на пунктови за донирање во маркетите на Тинекс во Скопје (Зебра и Раде Кончар), Охрид и Штип.

“Во акцијата ќе може да се донира школски прибор, но исто така и храна, облека и се што би придонело почетокот на учебната година да биде весел и успешен и за децата од социјално загрозените семејства”, соопштија организаторите.

Oваа акција ја организираат невладините организации Уметност на живеење-Арт лајф, СУНА и Банка за храна Македонија, како дел од нивните активностите во борба против сиромаштијата.