Дождот го намали родот на тутун во Хрватска

66

tutun

Поради честите и обилни дождови во Хрватска, родот на подрачјето на Хрватски тутуни во Подравина и Славонија ќе биде за 800 тони помал од планот и се проценува дека ќе изнесува вкупно околу 7.700 тони, велат од Хрватски тутуни, компанија која работи во составот на Адрис група, пишува Банка магазин.

Минатата година поради раниот мраз нанесена е голема штета во производството, па на полињата останаа 2.000 тони необран тутун, додека годинава честите и обилни дождови го намалија родот на тутунот во вредност од 1,17 милиони евра. Родот е за 11% помал од планираниот и се проценува дека ќе изнесува нешто повеќе од 7.700 тони, од кои 6.500 тони тутун од типот вирџинија и 1.200 до 1.250 тони тутун од типот berley.

Од Хрватски тутуни напоменуваат дека покрај просечната откупна цена на тутунот од 11,26 куни (90 денари), произведувачите оваа и следната година ќе добијат субвенции од државата од 6,40 куни (50 денари) по килограм.