![money-1048186_640](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/money-1048186_640.jpg)
Дознаките од Европската унија достигнаа рекордно ниво од 50,9 милијарди евра во 2023 година, што е зголемување за осум отсто во споредба со една година претходно, кога изнесуваше 47 милијарди евра, објави Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ вели дека најголемиот дел од парите, 10,7 милијарди евра (21 отсто), испратени од домаќинствата резиденти надвор од Европската унија, завршиле во Азија (со исклучок на Блискиот Исток).
Само нешто помалку трансфери отидоа во европските земји кои не се членки на ЕУ – 10,6 милијарди евра (исто така 21 отсто), како и во Северна Африка – 9,8 милијарди евра (20 отсто од вкупните одливи).