
Една неодамнешна американска студија покажа дека автомобилите може да изгубат помеѓу 19,5% и 72,2% од нивната вредност по пет години.
Не е тајна дека електричните автомобили брзо ја губат својата вредност, што е потврдено со најновото истражување спроведено од iSeeCars.
Во просек, EV моделите губат 58,8% од нивната вредност во рок од пет години, што е значително повисоко од просечниот пад од 45,6%.
Од друга страна, најдобро поминале пикапите и хибридите, кои во истиот период изгубиле 40,4% и 40,7% од вредноста, пишува Независне.
Кои автомобили најбрзо губат вредност?
Со оглед на тоа што вредноста на EV моделите драстично опаѓа, не е изненадување што тие се наоѓаат на листата на возила со најголема амортизација.
Jaguar I-Pace го зазеде првото место, бидејќи овој електричен кросовер губи неверојатни 72,2% од својата вредност по пет години, што во превод значи загуба од 51.953 долари.
На второ место е BMW Серија 7, која губи 67,1% од вредноста или 65.249 долари.
Меѓу првите 5 автомобили со најголема амортизација се: Tesla Model S – губи 65,2% од вредноста Infiniti QX80 – губи 65,0% од вредноста Maserati Ghibli – губи 64,7% од вредноста.
Фото: Freepik