Dreamlight – паметна маска за спиење што го подобрува здравјето

215

maska

Фото: IndieGoGo

Dreamlight е паметен систем, маска, што ви помага да спиете подобро, а со неа има апликација и сензор за будење.

Додека другите маски обично ги притискаат осетливите делови од лицето, како очите и образите, Dreamlight  е направена да го минимизира притисокот, а сепак да остане на место во текот на ноќта.

На апликацијата може да се изберат звуци од природата или релаксирачка музика коишто се комбинираат по избор на корисникот. Звучниците се сместени во внатрешноста на маската и имаат стерео ефект.

Маската има и инфрацрвени светла што се активираат во текот на спиењето за да ја зголемат циркулацијата на крвта околу очите, подобрувајќи го изгледот на кожата и вашето здравје. Што се однесува до будењето, за разлика од класичните аларми коишто се прегласни и вознемирувачки, Dreamlight ве буди постепено, така што светлата на маската постепено се вклучуваат.

Во апликацијата на Dreamlight може да се видат виталните знаци и движењата во текот на спиењето, со цел корисникот да има увид и подобар сон. Исто така може и да се внесат и днк податоците на корисникот, за апликацијата да ви препорача и изработи најдобар план за спиење што ќе го пренесе во маската.

Dreamlight има своја кампања на платформата за финансирање IndieGoGo, каде досега има собрано 95.673 долари, од потребните 30.000. Кампањата трае уште 24 дена, а првата испорака на производот се очекува да биде веќе во април годинава.