Фото: Pixabay
Универзитетот Aberystwyth од Велс и Програмата за елиминирање на маларија во Занзибар, со помош на дронови ќе се борат против оваа болест во Танзанија, пишува Engadget. Целта е дроновите да ги надгледуваат местата каде се очекува да се појават маларични комарци.
Дронот ќе може да прелета големо поле со ориз за само 20 минути, а собраните податоците да се обработат за неколку часа. Потоа, ќе остане само прскање на критичните зони со цел да се спречи понатамошно ширење.
Следен чекор за уште поефикасно справување со овој проблем sе снимките и сликите од дроновите да се поврзат со смартфоните на тимовите вклучени во акцијата со прскање. Така тие ќе знаат точно каде треба да интервенираат, а потоа брзо и едноставно да известат дека работата е завршена.
Останува само жителите на руралните места во Танзанија “да се запознаат“ со напредната технологија и да го прифатат прелетувањето на дроновите над нивните домови.