Државата и банките го преземаат хрватски Конструктор

51

konstruktorХрватската градежна компанија Конструктор нема да оди под стечај, туку државата и банките ќе станат негови мнозински сопственици, објави ХРТ.

Оваа компанија должи преку 290 милиони евра, а нејзин најголем доверител е Загрепска банка, која има побарувања од 104 милиони евра.

Според планот за реструктуирање, долговите ќе се претворат во капитал, што значи дека банките, но и државата која исто така е еден од доверителите, ќе бидат мнозински сопственици. Се уште не е познато кога точно ќе се случи тоа.