„Државата нема да дозволи граѓаните да пропаднат“:Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30% од приходите

66

Чешкиот премиер Петр Фијала вети дека поради поскапувањето на енергенсите ќе ги обесштети граѓаните преку станбен додаток, на сите чии комуналии надминуваат 30 отсто од приходите, а во Прага кога ќе надминат 35 отсто од приходите.

„Владата нема да дозволи никој да пропадне. Граѓаните ќе плаќаат најмногу 30 отсто од приходите за домување, во Прага 35 отсто, вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. „Државата е подготвена да ги плати сите трошоци над 30 отсто од приходот“, рече Фијала.

Додатокот за домување во Чешка не е нов и досега беше еден вид социјална помош за најсиромашните семејства, а премиерот Фијала сега апелираше до граѓаните да не се срамат да го бараат, дури и оние кои немаа право на тој додаток до овогодинешното зголемување на трошоците за енергија.

Во првата половина од годинава државата преку станбениот додаток исплатила околу 208 милиони евра. Кон крајот на август ќе бидат познати деталите за специјалната поевтина тарифа за струја и гас за домаќинствата, во чии рамки државата со 2,5 милијарди евра ќе ги субвенционира трошоците за идната грејна сезона на граѓаните за скапи енергенси, пренесува Бета.