Дури 90% од населението е во долгови, затоа што богатите сакаат да штедат

89

Поради фактот што милионерите ги штедат парите, 90% од населението создава долгови, а се намалуваат и каматните стапки, покажува студијата на Универзитетот Харвард.

Луѓето често се огорчени кога ќе видат на што богатите трошат пари, додека повеќето никогаш не можат да си го дозволат. Сепак, колку повеќе милионерите трошат пари, толку подобро за светската економија.

Како што објаснува истражувањето, ако еден милионер купи авион, дел од тие пари одат на работници кои биле вклучени во дизајнирање, производство, продажба итн. Кога ќе престанат да трошат, нивните пари се чуваат во банките што ги користат за пласирање на кредити. Значи, парите што луѓето ги користат за да ги платат своите долгови ги прават богатите луѓе уште побогати.

Кога каматните стапки се ниски, кај луѓето постои поголема веројатност да позајмуваат повеќе. Малку по малку, населението паѓа во се подлабоки долгови. Во идеални услови тие пари би се користеле продуктивно, за инвестиции што го стимулираат растот.

Авторите посочуваат и можни решенија за овој проблем, како што се создавање промени во даночниот систем.

Фото: Freepik