Дурмиши во работна посета на Катар, разговарал за инвестции и продлабочување на соработката

Министерот за економија и труд на Северна Македонија, Бесар Дурмиши, престојува во работна посета на државата Катар, каде оствари средба со шеикот Али бин Саид бин Сумаик Ал-Мари, министер за труд и други претставници на оваа земја.

Министерот Дурмиши на средбата истакна дека двете  земји имаат голем потенцијал  за унапредување на билатералната соработка во сите нивоа, како и за продлабочување на соработката во сите полиња, конкретно во полето на инвестициите, бидејќи Северна Македонија има клима и доволен капацитет за да ги пречека странските инвеститори.

Министерот Дурмиши информираше дека Северна Македонија и Државата Катар имаат договор за регулирање на вработувањето на работниците кој е во сила од март 2012 година, со кој се дефинираат односите меѓу двете земји за вработување на работници, постигнувајќи голем напредок меѓу Северна Македонија и Катар во областа на работните односи.

Со измените на законот за регулирање на организацијата на органите на државната управа, Министерството за економија и труд, од јуни ќе ги преземе работните односи, вработувањето, животниот стандард и заштитата на работниците и тоа дополнително ќе го олесни процесот не само на инвестиции, туку и на економска размена меѓу двете земји.

Во наш интерес е да се воспостави меморандум за соработка кој ќе ги регулира областите на соработка меѓу двете земји.

За време на престојот во Катар, министерот Дурмиши го потенцираше и фактот дека нашата земја ја следи состојбата со нашите работници кои работат во Катар во одредени сектори, на пр. во угостителството, градежништвото, здравството итн. Во таа насока, потребно е да се склучи билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето на работниците, издавањето на работни визи и престојот во поедноставена постапка, времетраењето на работниот ангажман на работниците, нивните права и обврски, обврските на работодавачите, обврските на националните агенции за вработување на двете земји итн.

„За нас како Mинистерство за економија и труд, под чии надлежности се условите за работа на странските инвеститори, од големо значење е да работиме на подобрување на бизнис климата, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Се надевам дека после оваа наша прва средба ќе работиме заеднички во иднина уште повеќе да ги подобриме односите помеѓу нашите две пријателски земји. Работиме со висок интензитет за да донесеме што повеќе инвеститори од Катар, што значително би ја подобрило економијата и животниот стандард на граѓаните“ изјави министерот Дурмиши.