Двајца туристи ќе патуваат околу Месечината со SpaceX

57

moon

Извршниот директор на компанијата за вселенски летови SpaceX, Елон Маск, објави дека ќе одведе двајца туристи околу Месечната идната година. Туристите кои оставиле значителен депозит за патувањето годинава ќе бидат подложени на сериозни тестирања и тренинзи, пишува CNN.

“Како и астронаутите на Apollo, овие патници во вселената ќе патуваат со надеж и соништа за целото човештво, понесени од човечкиот истражувачки дух“, соопштија од SpaceX.

SpaceX ќе биде лансиран од Кејп Канаверал во Флорида од каде што се изведуваа мисиите на Apollo. Последните луѓе на Месечината беа дел од мисијата Apollo 17 во 1972 година.

Од SpaceX велат дека очекуваат да остварат повеќе вакви мисии, бидејќи има голем број на луѓе заинтересирани за вселенско патување. Имињата на првите двајца туристи како и сумата што ја платиле не се познати.