Две искусни компании ја добија лиценцата за управување со Турската национална лотарија

28

igri na sreka

Турски конзорциум од две искусни компании за игри на среќа ја добија десетгодишната лиценца за управување со Турската национална лотарија, откако дадоа највисока понуда на тендерот од 2,75 милијарди долари, што беше одржан на 15 јули, пишува Хуријет.

Конзорциумот го сочинуваат компаниите Net Sans Holding, која веќе располага со бизниси во светот на обложувањето и игрите на среќа, и Hitay, која е сопственик на првата интернет платформа за обложување bilyoner.com. Овие две компании ќе организираат четири видови игри на среќа, кои во моментот се актуелни во Турската национална лотарија.

Во рамки на постоечката регулатива, лиценцата да планира, организира и да приредува игри на среќа ја има Генералниот директорат на националната лотарија, додека дигиталните игри ќе бидат приватизирани како една целина во рамки на лиценцата.

Како корисник на лиценцата, конзорциумот Net – Hitay, годишно ќе заработува 25% од вкупниот промет, како и 28% од бруто вредноста на останатите приходи. Целокупниот менаџмент, инвестициите и финансиските трошоци, како и провизија од продажбата и исплатата на премијата, ќе бидат вклучени во уделот. Ниту еден дел од активата, во која влегува софтверот, хардверот или терминалите за играње, не се вклучени во лиценцата.

Администрацијата на националната лотарија ќе продолжи да ја нагледува работата на игрите на среќа, со цел да го задржи јавниот интерес и да ги заштити правата на потрошувачите.