Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесува 41 999 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.3 %), Транспорт и складирање (12.7 %) и Преработувачка индустрија
(11.2 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.0 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.9 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.6 %).
Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2024 година
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесува 63 154 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.4 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Преработувачка индустрија
(11.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.2 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.4 %) и Земјоделство,
шумарство и рибарство (2.7 %).