
Саудиска Арабија на почетокот на оваа недела откри нов симбол за својата валута, ријал.
Централната банка на Саудиска Арабија објави дека нивната цел со новиот симбол е да го промовираат финансискиот идентитет на земјата, како во земјата, така и во светот, пренесува Klix.ba.
Новиот симбол, наведоа, го зајакнува националниот идентитет и културната припадност, ја нагласува улогата на националната валута и ја претставува земјата меѓу најголемите светски економии.
The Saudi Central Bank (#SAMA) unveiled a new official symbol for the Saudi Riyal.#SaudiRiyalSymbol
✨ This initiative aims to enhance Saudi Arabia’s financial identity on local, regional, and international levels, aligning with the Kingdom’s Vision 2030 objectives.
✨ The… pic.twitter.com/yieSDL2Avr
— Dmazing Studio (@dmazingstudio) February 21, 2025
Тие нагласија дека симболот е развиен според највисоките технички стандарди и дека го отелотворува богатото културно наследство на Саудиска Арабија, а самиот дизајн на симболот потекнува од арапската калиграфија.
Дополнително, беше оценето дека новиот симбол на ријалот ја истакнува растечката улога на оваа земја во светот, што е определена со агендата за 2030 година.