ЕАЕ Бизнис школа, Шпанија

41

ЕАЕ работи на два кампуси: еден во Барселона, во кој се одвиваат т.н “двојна диплома” програми, со заеднички програми со Политехничкиот универзитет на Каталонија и вториот кампус во Мадрид, кој нуди напредни програми за обука во соработка со Универзитетот Камило Хосе cela

Во моментов, EAE бизнис школата е на третото место на листата бизнис училишта во Шпанија за 2012 година. Целта на оваа институција е постојан напредок со цел ова училиште да стане референтен центар за развојот на идните бинис лидери. Заради ова, училиштето постојано ги негува квалитетот и компетентноста на кандидатите во сите области на управување со бизнисот.

Оваа цел придонесе ова училиште да се стекне со висок квалитет на стандарди кои се применуваат од страна на EAE и кои придонесоа оваа институција да стане прво бизнис училиште во Шпанија со меѓународни сертификати за квалитет ISO 9001, со кој се потврдуваат и гарантираат високите академски стандарди на студиските програми.

Накратко, EAE бизнис школата е посветена на обука на идните бизнис лидери со јасна визија.

Меѓународна МБА програма

Светот на бизнисот, со оглед на актуелната економска криза, кој е толку динамичен и конкурентен, има потреба од професионалци кои поседуваат солидни познавања во различни области на управувањето и, истовремено имаат лични и професионални вештини како што флексибилност, адаптибилност, когнитивни вештини, вештини за донесување одлуки и креативност.

Меѓународната МБА е дизајнирана на таков начин што на учениците ќе им помогне да ги зајакнат и прошират своите знаења за бизнис менаџментот и администрацијата, тие работат со главните алатки за управување и тие ги развиваат нивните менаџерски вештини и способности. Исто така, Програмата овозможува избор од седум различни специјализации што учесниците имаат корист од алатки стекнати од МБА (раст како режисер и менаџер), како и од областа на одредена област или сектор кој е прилагоден на нивните професионални интереси.
Студиски престој во Manhattan Institute of Management

На студентите им се нуди можност за студирање на еден семестар во странство во Manhattan Institute of Management – приватна високообразовна институција посветена на глобалото бизнис образование.

Останатите програми кои се нудат во ЕАЕ се

Full Time MBA

Masters in Project Management

International MBA

Master of International Business

Finance and Accounting

Full Time Master in Management and Financial Management

Стипендии и школарини

Неодамна, ОИЦ Скопје склучи договор за соработка со овој универзитет и се  направи посебна Програма за стипеднирање на македонски студенти која ја администрира ОИЦ Скопје ги покрива и додипломско и на постдипломското ниво на студии. Наменета е за сите кандидати кои успешно ќе ја поминат процедурата на апликација и ги исполнуваат условите за упис и следствено и за стипендијата.

За македонските студенти, оваа институција нуди можност за финансиранње на студентите преку покривање на 20% од износот на школарината.

За повеќе информации околу начинот на аплицирање и крајните рокови, посетете ја страната:

www.oic.org.mk

www.stipendii.mk