Earth.Food.Love – еколошка продавница што не ги пакува производите

70

1

Ричард и Никола, млад брачен пар од Британија, ја поседуваат првата еко- продавница во земјата што не ги пакува своите производи, пишува Metro. Освен тоа, сè што се нуди во Earth.Food.Love е од органско потекло и како што велат сопружниците, од продавницата воопшто не се фрла ништо.

Во уникатниот маркет се продаваат повеќе од 200 производи коишто воопшто не содржат пестициди. Тука можат да се најдат разни житарки, многу видови паста, па дури и јаворов сируп. Не изостануваат ни санитарни производи, метални жилети за бричење, како и четки за заби од бамбус.

2

Во Earth.Food.Love нема да најдете млечни производи, ниту пак алкохол и чипс. Купувачите си носат свои ќеси или садови за производите и откако истите ќе бидат измерени, клиентите плаќаат за купените намирници од грам. За оние кои прв пат купуваат, сопствениците имаат хартиени ќеси што се рециклираат.

3

Нивната продавница во Девон одлично фунцкионира, па Ричард и Никола планираат проширување во Лондон и Бирмингем. Велат дека нивната цел не се парите, туку да ги научат купувачите да размислуваат во еколошка насока.

Фото: Facebook