ЕБОР ќе го претстави Извештајот за транзиција за 2024-2025 година

Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) денес ќе ја објави својата студија за транзицијата 2024-2025.

На презентацијата, која ќе се одржи во хотел Холидеј Ин, со почеток во 11 часот, ќе бидат разгледани основните економски параметри за Северна Македонија и Западен Балкан, како и дејствувањето на ЕБРД во државата.

Свеченото отворање на настанот ќе го направи Анита Ангеловска Бежоска, управител на Народната банка, по што ќе има обраќања од Фатих Туркменоглу, службеник на ЕБРД, Питер Табак, водечки регионален економист, и Жока Коцан, главен економист на Секторот за влијание врз транзицијата и глобалните економии.