ЕЦБ: Домаќинствата и компаниите во еврозоната сè повеќе земаат кредити од банките

Во еврозоната, во март е забележан забрзан годишен раст на банкарските кредити кон домаќинствата и компаниите, според извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во изминатиот месец, објавен денес.

Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната во март се зголемија за 1,7 проценти на годишно ниво на 6,97 милијарди евра, што е забрзување во споредба со растот од 1,5 проценти во февруари и зголемувањето од 1,3 проценти во јануари.

Ова е најбрзиот годишен раст на кредитите за домаќинствата во Еврозоната од јуни 2023 година.
Зголемувањето го одразува континуираното забрзување на побарувачката за кредити, поттикнато главно од неодамнешното олабавување на монетарната политика од страна на Европската централна банка.