
Европската централна банка (ЕЦБ) денес предупреди дека падот на довербата во американските средства, предизвикан од трговските потези на претседателот Доналд Трамп, би можел да предизвика пошироки нарушувања во глобалниот финансиски систем.
Во својот полугодишен извештај за финансиската стабилност, ЕЦБ истакнува дека „нетипичните пренасочувања“ на капиталот од традиционалните безбедни засолништа како доларот и американските обврзници укажуваат на потенцијална промена во глобалниот финансиски режим, со далекусежни последици за капиталните текови.
„Непријатната непредвидливост на политиките на САД ги наведе инвеститорите да бараат повисоки премии за ризик за американските средства“, соопшти ЕЦБ.