ECI – картичка што чува податоци за итни случаи

10

untitled

Фото: Kickstarter

ECI е картичка што го чува корисникот безбеден и поврзан со останатите во случај на природна катастрофа или било каква итна ситуација. Таа работи без било каква технологија и чува медицински податоци и слични информации што значително ја олеснуваат моменталната ситуација.

Луѓето денес премногу се потпираат на технологијата, но постојат моменти кога и таа може да не функционира и тука ECI стапува на сцена. Користењето и чувањето на ECI е едноставно, исто како кредитна картичка во паричникот.

Особено е корисна кога се работи за деца или постари и немоќни лица. Со неа корисникот ќе знае дека и да се случи нешто лошо, картичката ќе помогне при безбедно враќање дома или пружање помош.

Во неа може да се зачуваат податоци по избор на корисникот и тој да биде сигурен дека истите ќе бидат искористени на најдобар можен начин.

Производот е дело на Дастин Џонс од Хјустон и има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter каде досега има собрано 33.000 долари од побараните 5.000 долари, а преостануваат уште 14 дена.