Еден хектар аронија во Србија носи и до 30.000 евра приход

130

aronija

Луѓето стануваат се посвесни за здравиот начин на исхрана и се во постојана потрага по овошје и зеленчук што ќе им обезбедат поквалитетен начин на живот.

Аронијата станува се поприсутна на листата на производи што се корисни за здравјето на луѓето, а голем е и интересот за нејзино одгледување.

Србија е една од земјите во регионот каде што постои голем интерес за одгледување на аронијата. Оние што веќе го засадиле овој вид на овошје тврдат дека одгледувањето не бара голем труд, аронијата има добра цена, но и сигурни откупувачи, пренесува РТС.

Експертите сметаат дека во добра година аронијата може од еден хектар да донесе приход од над 30.000 евра.

За да даде поголем род на аронијата не и пречи било каква структура на земја, а проблем не претставува ниту надморската висина. Аронијата достигнува полн род во осмата година од нејзиното засадување, а една грмушка дава околу 10 килограми плод.

Станува збор за лековита и хранлива материја со малку калории и многу витамини и минерали. Од аронијата најчесто се прави мармалад, но и вино, ракија и ликер. Од еден килограм арнонија може да се направи половина литар сок. Нутриционистите ја препорачуваат да се јаде свежа, но и да се пие чај од истата.