Еден килограм турски цреши и до 80 евра

417

turski cresi

Жителите на малата населба Кемалпасали во турскиот град Измир одгледуваат цреши, кои зреат еден месец пред времето предвидено за берба. Поради тоа, нивната цена за купувачи надвор од земјата достигнува и до 80 евра за килограм, пренесува турската новинска агенција Анадолија, пренесува сараевско Ослобоѓење.

Раното зреење на овие цреши во пластеници ја зголемува нивната цена на пазарот, а предноста е во тоа што се разликуваат од црешите што се одгледуват на отворено, бидејќи не се подложи на надворешните атмосферски влијанија, како што се мраз, дожд и слично.

Мустафа Озјурт, земјоделец од Кемалпасали, во разговор за Анадолија, рекол дека бербата на цреши вообичаено се случува на 30-ти март, но дека тоа не било возможно поради големиот студ од претходните месеци.

„Доколку успеев да ја направам бербата околу 30-ти март оваа година, ќе можев да ги продадам црешите и по цена до 100 евра за килограм“, вели Озјурт.

Идејата за огледување цреши во пластенции ја добил од својот внук. Првите две години ги поминал во тестирање на одгледување на цреши во пластеници.

„Во текот на првите две години немавме некој голем принос, поради нашето неискуство и незнаење. Оваа година црешите имаа убав род, а ние стекнавме многу искуство“, додал Озјурт.

Тој изразил надеж дека одгледување цреши во пластеници во Кемалпасали и околината ќе се прошири, додавајќи дека негова цел е извоз на црешите во Европа.

„Цената на црешите кои созреваат вон сезона е 50 пати поголема од онаа кога се продаваат кога им е сезона. Сега е планирано да се продаваат и по цена од 80 евра“, рекол Озјурт.

На површина од 3.200 метри квадратни тој поседува пластеник во кој има 120 стебла цреши, кои имаат род од околу три тони цреши оваа година.