Еден од најуспешните европски стартапи пријави загуба од милијарда долари во 2022 година

70

Шведската компанија „купи сега, плати подоцна“ Кларна објави оперативна загуба од 10,5 милијарди круни (милијарда долари) за 2022 година.

Загубата во 2021 година беше 6,6 милијарди круни.

Како што најавија, целта е до мај годинава да и се врати профитот на компанијата.

Деловните услови за оваа финтек компанија се влошија минатата година бидејќи довербата на потрошувачите беше погодена од зголемената инфлација и војната во Украина, што доведе до пад на нејзината вредност.

Во мај, компанијата соопшти дека намалува 10% од својата работна сила за да ги ограничи трошоците, а во јули собрала 800 милиони долари во ново финансирање.

Кларна рече дека САД станаа нивниот најголем пазар според приходите во декември, а групата има за цел да се врати на профитабилноста до летото.

„САД и Велика Британија растат со многу високо темпо, зголемувајќи го просечниот раст за целата компанија“, изјави извршниот директор Себастијан Сиематковски за Ројтерс, додавајќи дека не се планирани нови отпуштања.

Кларна последен пат оствари цела годишна добивка во 2018 година.

Фото: Klarna