Единствената земја во која речиси и да нема поскапување: Инфлацијата падна на 0,1 отсто

100

Годишната стапка на инфлација во Кина во април падна на 0,1 отсто, објави денеска Националното биро за статистика на Кина.

Инфлацијата во март беше 0,7 отсто, а пазарите прогнозираат априлска стапка на инфлација од 0,4 отсто. Овој резултат е најдобар од февруари 2021 година, кога беше забележана дефлација во Кина.

Во април цените на храната пораснаа најбавно во последните 13 месеци, за 0,4 отсто во однос на ланскиот април, што е значително помалку од мартовската инфлација од 2,4 отсто. Транспортот поевтини, за 3,3 отсто, а трошоците за образование пораснаа за 1,9 отсто.

Априлската инфлација во кинеското здравство изнесува 1,0 отсто. Годишната стапка на базичната инфлација во Кина беше 0,7 отсто во април, исто како и во март. Индексот на потрошувачките цени падна на месечна основа трет пат по ред, овој пат за 0,1 отсто во однос на март.

Фото: Pixabay