Една земја од ЕУ бара руската нафта да биде ограничена на 30 долари

72

ЕУ треба да го намали за половина плафонот на цената на нафтата на Русија од 60 долари за барел и да воведе слични мерки против извозот на течен природен гас (ЛНГ) од земјата, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Ренсалу, пренесе Блумберг.

Како што пренесуваат медиумите, Ренсалу инсистирал дека сегашната граница од 60 долари за барел е „превисока“ и дека треба да се спушти на 30 долари за барел бидејќи „Русија добива милијарди од овој бизнис“.

На 5 декември ЕУ воведе ограничување на цената на извозот на руска нафта од 60 долари за барел. На западните компании им е забрането да обезбедуваат осигурување и други услуги за испораките на руска нафта, освен ако товарот е купен по или под утврдените цени.

Брисел обезбеди обврски од членките на блокот да ја ревидираат горната граница на цените на руската нафта на секои два месеци и да поставуваат идни ограничувања најмалку 5% под просечните пазарни стапки.

Просечната цена на суровата нафта од Урал беше 46,82 долари за барел во периодот од 15 јануари до 14 февруари, според податоците на руското Министерство за финансии.
Естонија, исто така, побара воведување на дополнителен плафон за цената на рускиот ЛНГ. Додека испораката на нафта од Москва во ЕУ падна за две третини, според Меѓународната агенција за енергетика, извозот на ЛНГ се зголеми, а главни купувачи се Франција, Белгија и Шпанија.

Според Ренсал, комбинираните мерки ќе создадат „холистички пристап за притисок врз Русија“ бидејќи ЕУ бара повеќе начини да ја казни Москва.

Производството на ЛНГ во Русија се зголеми за 8,1% минатата година на рекордни 32,5 милиони тони, соопшти Федералната служба за статистика Ростат претходно овој месец, при што само фабриката Сахалин-2 произведе 11,5 милиони тони гориво.