Што прават успешните луѓе за да останат успешни, во продолжение…
Се будат рано
Со тоа што се будат рано, се помалку изложени на стрес. Имаат време за себе, за невремено распоредување на обврските и подготвено го започнуваат денот без доцнење.
Медитираат
Користат дел од своето време за медитација. Забораваат на се неколку минути и се опуштаат со оваа древна техника за релаксација на телото и умот.
Постојано комуницираат
Го користат секој момент и секоја шанса да комуницираат, да запознаваат нови луѓе, да споделуваат идеи, да учат…Едноставно сакаат да бидат во тек со случувањата.
Постојано работат нешто
Не се мрзеливи. Постојано се инволвирани во некоја задача или проект и работата им претставува задоволство.
Знаат кога да кажат НЕ
Понекогаш треба да се каже НЕ. Во спротивно може само да си наштетите на себе си. Тоа добро го знаат успешните луѓе и одлично проценуваат кога треба да одбијат некого.
Навреме ги распоредуваат своите обврски
Не оставаат ништо на случајноста и навреме ги распределуваат задачите. Имаат распоред за секој ден, а секогаш приоритет им се најважните работи.
Добро “менаџираат“ со парите
Инвестираат пресметано и не превземаат ризични бизниси. Секогаш имаат пари настрана за непланирани ситуации и трошоци.
Фото: Pixabay