ЕК: Белгија ќе има најголем буџетски дефицит во еврозоната

69

Белгија ќе има најголем буџетски дефицит во еврозоната во следните две години, покажуваат податоците на Европската комисија.

Оваа земја ќе биде единствената членка на еврозоната со долг над 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП), која ќе се соочи со понатамошен раст на долгот во 2023 и 2024 година, поради мерките за поддршка на државата за стопанството и граѓаните да се справат со растот на цените на енергијата и поради механизмот на автоматско индексирање на платите, пишува весникот Еко.

Европскиот економски комесар Паоло Џентилони го истакна овој втор фактор како лош за конкурентноста на Белгија, додавајќи, сепак, дека сега не е време за промена на тој систем.

Џентилони верува дека механизмот за индексирање на платите е помалку контроверзен во сегашните околности – со оглед на денешните повеќекратни кризи – отколку што би бил во нормални околности, бидејќи помага да се одговори на реален проблем.

Ваквиот став се објаснува со фактот дека „општествената компонента сега е поважна отколку во нормални времиња и поважна од компромисот меѓу социјалниот аспект и конкурентноста“.

Буџетскиот дефицит на Белгија треба да достигне повеќе од 17 милијарди евра во 2023 година и повеќе од 20 милијарди евра во 2024 година. Враќањето на поурамнотежени јавни финансии сè уште се чини далеку, бидејќи белгиската влада смета дека актуелната криза бара повеќе трошоци, пишува порталот Еурактив.

Во октомври, белгискиот премиер Александре де Кроа изрази загриженост за буџетскиот дефицит, посочувајќи, сепак, фактот дека потребата „никого да не се остави зад себе“ значи висок влог за државата.

Одговарајќи на критиките за фискалните последици од владините антикризни мерки, тој праша: „Што требаше да направиме?…Дали требаше да одбиеме да даваме помош за самовработените? Требаше ли да ја оставиме нашата средна класа да замрзне?”.

Европската комисија предвидува економски раст на Белгија од 2,8 проценти оваа година, потоа 0,2 проценти во 2023 година и 1,5 проценти во 2024 година до 6,2 отсто следната година, а потоа до 3,3 отсто во 2024 година.