
Европската комисија предложи нов пакет санкции против Русија во вредност од 11 милијарди евра, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Предлагаме 10-та транша од санкциите, со трговски забрани и нови проверки на извозот во Русија, особено извозот на технологија. Станува збор за 11 милијарди евра – изјави Фон дер Лајен на седницата на Европскиот парламент.
Таа прецизираше дека Комисијата предлага санкции за извоз на електронска опрема што Русија ја користи за производство на дронови и хеликоптери.
Фото: Pixabay