ЕК предвидува околу 15% помали приноси поради најтешката суша во Европа во последните 500 години

132

Европската комисија соопшти дека очекува околу 15 отсто помали просечни приноси на пченка, сончоглед и соја, бидејќи Европа ја доживува најголемата суша во последните 500 години.

„Се чини дека сегашната суша е најлоша во последните 500 години“, предупредува Европската комисија во својата најнова заедничка студија.

Според истражувањето, големиот дефицит на врнежи влијае на земјоделството и го зголемува ризикот од шумски пожари, создавајќи „загрижувачка ситуација“ каде 64 отсто од територијата на Европската унија е под предупредување или тревога. Вегетацијата и земјоделските култури покажуваат негативни последици од сушата на 17 отсто од територијата на ЕУ, додека влажноста на почвата е во дефицит во 47 отсто од регионите.

Недостигот на врнежи ги погоди речиси сите речни текови низ Европа, предизвикувајќи потешкотии во енергетскиот и транспортниот сектор, се вели во извештајот.