ЕК: Прерано е да се даде оценка за купувањето на Twitter

11

Европската комисија денеска објави дека е прерано за каква било оценка на договорот склучен од извршниот директор на Tesla, Илон Маск, да ја преземе социјалната мрежа Twitter, но потсети дека регулативите на ЕУ за дигитални услуги важат за сите големи платформи.

„Нашиот Закон за дигитални услуги се применува на сите главни платформи за да се осигура дека нивната моќ во јавната дебата е предмет на демократски потврдени правила за подобра заштита на основните права на интернет“, рече портпаролот на Европската комисија, Јоханес Баркет на брифингот со новинарите.

Маск во понеделникот потпиша договор за купување на Twitter за 44 милијарди долари, што ќе ја пренесе контролата врз платформата што ја користат милиони луѓе и светски лидери во рацете на најбогатиот човек во светот.