
Економијата на САД во четвртото тримесечје на 2024 година пораснала со побрзо темпо од прогнозите, додека клучниот показател за инфлацијата е ревидиран, според податоците на Бирото за економска анализа при Министерстото за трговија.
Според извештајот, бруто домашниот производ (БДП) на САД се зголемил за 2,4 отсто на годишнo ниво, во периодот октомври-декември. Претпочитаниот инфлаторен показател на Федералните резерви – индексот на цени на лична потрошувачка без храна и енергија – беше ревидиран пониско, односно 2,6 отсто.
БДП во четвртото тримесечје бил поттикнат и од позитивните ревизии на нето-извозот, државната потрошувачка и деловните инвестиции. Растот на потрошувачката од страна на домаќинствата – кој сочинува две третини од БДП – беше ревидиран пониско или 4 отсто.
Економистите очекуваат побавно темпо на раст во 2025 година, а поради тоа што потрошувачите и компаниите стануваат повнимателни во однос на економската агенда на претседателот Доналд Трамп. Агресивната трговска политика на администрацијата ги наведе функционерите од Федералните резерви минатата недела да ги намалат своите прогнози, а слични прилагодувања направија и големите банки од Волстрит, вклучително и Голдман Сакс и Морган Стенли.