
Израел ја процени штетата предизвикана за време на 12-дневната војна со Иран на три милијарди долари.
Ова е најголемиот предизвик со кој се соочивме, никогаш во историјата на Израел немало толку голема штета – изјави генералниот директор на Израелската даночна администрација, Шаи Ахаронович, пренесува Блумберг.
Министерот за финансии, Безазел Смотрих, изјави дека вкупните трошоци од војната би можеле да достигнат и до 12 милијарди долари, додека гувернерот на Банката на Израел, Амир Јарон, рече дека сумата нема да надмине околу 6 милијарди долари.
Ахаронович истакна дека ќе биде потребно да се издвојат средства не само за поправка на зградите погодени од ракети, туку и за исплата на компензација на локалните бизниси.
За време на 12-дневната кампања, израелската економија беше речиси целосно затворена, вклучувајќи ги сите училишта и бизниси освен оние означени како неопходни.
Израелската влада ќе исплати околу една и пол милијарда долари на компаниите што останаа отворени.