Економското расположение во еврозоната се подобри во мај по два месеци пад

Економското расположение во еврозоната се подобри во мај по два месеци пад, според анкета објавена денес од Европската комисија.

Вредноста на Индикаторот за економски расположение во еврозоната (ESI) се зголеми од ревидираните 93,8 поени во април на 94,8 поени во мај, се додава во извештајот.

Подобрување на расположението е забележано во индустријата, малопродажбата, кај потрошувачите и во градежништвото, со мало слабеење во услужниот сектор.