Дизајнерската двојка од Nervous System направи невообичаен фустан наречен Kinematics 3D Print Dress, кој е содаден со помош на детално скенирање на телото.
Ова “парче облека” е многу поразлично од се што досега сте виделе. Фустанот е изработен со помош на 3D принтер и фино обработена пластика, која низ процесот добива форма на елегантна тоалета.
Фустанот е направен во една софистицирана фабрика за пластика со седиште во Њујорк, а како што велат дизајнерите од Nervous System, целиот процес барал многу труд, внимание и прецизност.
Еве како изгледало сето тоа: