EnGo – Станица за полнење мобилни телефони што се напојува од чекорите на луѓето

148

engo

Од почетокот на овој век од улиците низ Америка “исчезнаа“ дури два милиони телефонски говорници, па затоа постои можност истите да се транформираат во станици за полнење на мобилните телефони, пишува порталот Fast Company.

EnGo е првата таква станица, која користи соларни панели, а се чини дека ќе биде и првата што користи кинетичка енергија, односно енергијата што се добива од чекорите на луѓето.

Со комбинација од соларна и кинетичка енергија, станицата ќе биде во погон цело време, па така за време на облачните и дожливи денови ќе се напојува од чекорите на луѓето, а во текот на убавите денови енергијата ќе ја добива од сончевите зраци.

en go

На станицата ќе можат во исто време да се наполнат 14 различни уреди, ќе биде поставена опрема со сите потребни кабли, а ќе има вградено и Wi Fi и телефон за итни случаи.

“Сакавме да создадеме комбинација од кинетичката и соларната енергија, бидејќи во секој пристап има одредени недостатоци. Доколку имате соларни панели мора да бидете подготвени и за деновите кога ќе нема сонце. Во исто време, видовме голем потенцијал во понатамошното развивање и користење на кинетичката енергија“, вели Петар Мирович, извршен директор на компанијата Volta Group, која стои зад EnGo.

Мирович очекува обновливите извори на енергија почесто да се користат на јавни места, луѓето да почнат сериозно да ги користат ресурсите од природата во секојдневието.

en go 1

Volta Group овој вид на технологија во иднина планира да ја интегрира и кај системите за улично осветлување, користејќи ја енергијата од движењето на автомобилите.