Епитети што му пречат на вашето CV

184

Фото: Pixabay

Кратката биографија (Curriculum vitae – CV) претставува првиот впечаток што работодавачот го добива од потенцијалниот кандидат. Доколку сте во потрага по работа, во тој случај внимателно читајте што е неопходно за да имате добро CV.

Кратката биографија треба да претставува краток, но детален преглед на образованието, искуството, обуките и вештините што ги поседува кандидатот за работа.

За да бидете сигурни дека нема да оставите погрешен впечаток пред потенцијалниот работодавач, избегнувајте да ги употребувате овие епитетите во вашето CV:

  • Искусен
  • Одличен
  • Успешен
  • Страстен
  • Специјализиран
  • Лидер
  • Најдобар
  • Фокусиран

Наместо да го китите CV-то со непотребни епитети, ставете акцент на тоа што работите, кое е вашето образование, низ какви обуки и тренинзи сте поминале, кои јазици ги познавате и какво искуство имате зад себе.

Работодавачите не сакаат убави епитети, туку конкретни факти за нивниот иден вработен.