Епл бара уште 700 милиони долари од Самсунг

26

Американскиот компјутерски гигант Епл побара уште 700 милиони долари дополнително обештетување, откако калифорнискиот судија  пресуди дека Самсунг треба да му плати на Епл една милијарди долари отштета, но “Самсунг побара нов процес.

Епл поднесе во судот барање за корекција на пресудата, за да се зголеми надоместокот за 707 милиони долари. Епл бара надоместоците да ги покријат сите производи за украдените патенти.
Во август Епл освои важна победа во САД, при што калифорнискиот суд побара Самсунг да биде осуден со парична казна од над една милијарда долари.